Ако не го доведе Левандовски, Барса ќе тргне по Џерард Морено

Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ова лето.

Не е тајна дека Каталонците сакаат да го донесат Левандовски на „Камп Ноу“, а иста е желбата и на самиот играч. Проблемот е што првите луѓе од „Алијанц Арена“ засега категорично одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда. Стоењето во место со преговорите почнува да ги загрижува Шпанците, кои веќе имаат и резервна опција, а тоа е напаѓачот на Виљареал Џерард Морено, тврди „Спорт“.

Не е првпат 30-годишниот шпански репрезентативец да се поврзува со интерес од Барса. Од „Камп Ноу“ долго време го следат играчот, но сега има големи шанси да дадат конкретна понуда. Морено минатата сезона се мачеше со повреди, но сепак повторно ја покажа својата класа, постигнувајќи 9 гола на 17 натпревари и 3 асистенции