Ако не потпишат со Левандовски, челниците на Барса ќе тргнат по Лукаку
Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона ќе се обиде да го донесе Ромелу Лукаку на „Камп Ноу“.
Каталонците сакаат да донесат врвен напаѓач на лето, па бидејќи преговорите околу Левандовски не одат во добра насока сега ќе се свртат кон Лукаку.
Челзи минатото лето за Лукаку плати 115 милиони евра, но Белгиецот не ги оправда очекувањата.
Тој јавно призна дека не е среќен во Челзи и дека не му одговара стилот на игра на Тухел, па сака на лето да ја промени средината.
Барселона ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и веќе стапила во контакт со неговиот агент.