Ако пропадне Фабрегас, Интер ќе го ангажира Киву

Сеск Фабрегас, сепак нема да стане тренер на Интер. Италијанските медиуми објавија дека газдата на Комо, Мирван Сурвасо, ги информирал челниците на Интер дека, воопшто не ја разгледувал опцијата да го пушти Фабрегас во друг клуб, ниту пак му дозволил на Шпанецот да преговара.
Индонезискиот бизнисмен категорчно потврдил дека Фабрегас ќе остане во клубот следната сезона.
„Директно му го соопштивме нашето одбивање на претседателот на Интер, кој го потврди тоа со учтивост и јасност што се очекува од два почитувани клуба. Поради оваа причина, ги третираме постојаните гласини за нашиот тренер како фантазија“, рече првиот човек на Комо.
Комо со ова ги потврди високите амбиции за следната сезона, втората по враќањето во друштво на најдобрите. Комо, да потсетиме, потроши најмногу пари за засилувања во јануарскиот преоден рок, па клубот сака истиот тренер, кој досега работеше со успех, да продолжи со работата.
Во меѓувреме, Интер се сврте кон други опции во потрагата по наследник на Симоне Инзаги. Главни кандидати сега се Кристијан Киву и Патрик Виеира.
Киву, кој моментално е на клупата на Парма, сега е прв избор на администрацијата на „нераѕурите“ бидејќи некогаш играше за Интер, а потоа како тренер ги водеше сите селекции на клубот, од 14 години до до 19 години.
Според италијанските медиуми, Киву не се појавил на состанокот во Парма, каде што требало да се договори за продолжување на соработката, но тоа го направил неговиот менаџер.
Ваквото однесување покажува дека дефинитивно ја слушне понудата од „Џузепе Меаца“.