Ако Ретклиф го купи Јунајтед, Малдини ќе биде спортски директор

Доколку Сер Џим Ретклиф го убеди семејството Глејзер да му продаде 25% од акциите на Манчестер Јунајтед и води грижа за спортските прашања во клубот негов избор за позицијата спортски директор во клубот би бил Паоло Малдини, пренесуваат медиумите на Островот.

Легендарниот Малдини е слбооден во професионалната потрага по нов ангажман откако новите сопственици на Милан минатата година го отпуштија.

Мaнчестер Јунајтед од друга страна никако не успева по заминувањето на Фергусон во 2013 година да ги пронајде вистинските луѓе, а Ретклиф смета дека Малдини има капацитет да биде еден од најважните луѓе на Јунајтед во враќањето кон врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Maлдини по фантастичната кариера како играч сосема солидно работеше и во Милан кој токму благодарение на неговата добра работа стана шампион во Италија во 2022 година и тоа по 11-годишен пост.