Ако се оперира, Азар ќе стави крај на кариерата?!

Еден Азар по трет пат го повреди истиот зглоб и со тоа се продолжи серијата на неговите повреди откако дојде во Реал Мадрид во 2019. година. Белгискиот капитен е соочен со нова операција, поради која би можел да го пропушти остатокот од сезоната, како и Европското првенство. Сепак, лекарот Хозе Гонзалез сугерира дека нова операција на истиот зглоб за Азар би можела да значи и крај на кариерата. „Трета операција на неговиот зглоб е доста ризична, бидејќи постои можност потоа да не може веќе да игра фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ќе ви кажам дека Азар веќе нема да настапи сезонава за Реал.“ Лекарот му даде и совет: „Додека не биде 100 отсто подготвен, не треба да се враќа на терен. Кога играч се враќа по подолга пауза во која не тренирал, јасно е дека повторно ќе се повреди.“ Азар досега одигра 36 натпревари за Реал и постигна четири погодоци.