Аксел Витсел е првото засилување за Атлетико Мадрид

Искусниот фудбалер за врска Аксел Витсел официјално е претставен како нов играч на Атлетико Мадрид.

33-годишниот репрезентативец на Белгија е првото засилување за шпанскиот клуб во овај преоден рок. Тој во Мадрид доаѓа како слободен играч од Борусија Дортмунд и потпиша договор до јуни 2023 година.

Својата кариера Витсел ја започна во Стандард, а потоа го носеше дресот на Бенфика, Зенит, кинескиот Тјанџин, и Борусија Дортмунд. За репрезентацијата на Белгија има одиграно 124 натпревари и постигнато два гола.