Алаба и Рудигер ќе го менуваат Реал со Саудиска Арабија

Иднината на двајца од дефанзивците на Реал Мадрид е под знак прашалник. Според „АС“, Антонио Рудигер и Давид Алаба се на чекор да се разделат од кралскиот клуб и веројатно ќе се упатат кон Блискиот Исток.

Понудите за Алаба вклучуваат исклучително висока плата. Сепак, самиот играч сè уште чека на позицијата на Реал Мадрид и се очекува да донесе конечна одлука за својата иднина во следните неколку месеци.

Според изданието, раководството на Реал Мадрид има одредени двоумења околу задржувањето на Алаба и Ридигер. Главната причина за ова е нивната подложност на повреди.

Договорите на двајцата играчи со мадридскиот гигант истекуваат во јуни 2026 година.