Алаба не е сериозно повреден, ќе биде во комбинација за дуелот во Манчестер

Давид Алаба кој постигна гол на вчерашниот меч против Осасуна и мораше принудно да остане во соблекувалната на полувремето, нема посериозна повреда, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
„Оптимисти сме со Алаба, не изгледа дека е сериозно. Го болеше кај препоните и одлучивме да не ризикуваме“ , изјави тренерот на „белите“.
Реал Мадрид кој е на чекор да ја освои титулата во Примера Дивизион, наредната работна недела го очекува првата пресметка со Манчестер Сити во полуфиналето во Лигата на шампионите.