Алаба пак се повреди, нема крај на голготата на Австриецот

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, повторно е повреден.
Австриецот има проблем со повредите од декември 2023 година, кога го повреди коленото и беше надвор од игра една година.
Потоа, по враќањето, имаше бројни проблеми со мускулите, што е случај и сега.
Алаба доби шанса против Хетафе, но си одигра само едно полувреме поради болки во мускулите. Денешните тестови покажале дека мора да направи кратка пауза.
Медиумите од Мадрид пишуваат дека е очигледно, дека Алаба не може да се врати во вистинската форма и дека оваа повреда е уште една потврда дека за него нема место за следната сезона.
Тој е во последната година од договорот и ја има втората најголема плата, бидејќи пристигна како слободен агент, па Реал нема намера да му понуди нов договор.
Освен него, за претстојното „Ел Класико“ ќе недостасуваат и Антонио Ридигер, Дани Карвахал, додека Дин Хаусен е знак прашалник.
Натпреварот Раел Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.