Алан Сент-Максимин интересен за Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за крилниот фудбалер на Њукасл, Алан Сент-Максимин.
Французинот оваа сезона не добива голема минутажа во Њукасл, па е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација. Малдини веќе имал средба со неговиот агент и спрема понуда за Њукасл, а „росонерите“ сакаат да го доведат на едногодишна позајмица со право на откуп.
Сент-Максимин е технички одличен фудбалер кој може да игра како на левата така и на десната крилна позиција, па поради тоа е желба на тренерот Пиоли.