Алардајс верува дека Лидс ќе остане во Премиер лигата

Менаџерот на фудбалерите на Лидс, Сем Алардајс, верува дека неговиот тим може да се спаси од испаѓање од Премиер-лигата. Неговиот тим денес ќе го пречека Тотенхем со единствена цел а тоа е победа.

„Ми се допаѓа расположението. Трениравме на централниот стадион затоа што тука в недела или ќе живееме или ќе умреме во однос на конечниот пласман“, вели искусниот тренер.

Три екипи се вклучени во борбата за единственото место што дава опстанок. Евертон го има сега со 33 бода додека Лестер и Лидс заостануваат за два.