Албански фудбалер осуден за трговија со дрога

Поранешниот фудбалер кој настапуваше во Првата лига на Финска, Алберт Кучи, заврши зад решетки откако финските медиуми јавуваат дека е осуден на осум години затвор поради трговија со дрога.

Весникот „Илта Саномат“ пренесува дека обвинителството собрало докази за Кучи кој заедно со неколку соработници илегално поседувал, дистрибуирал и препродавал кокаин низ повеќе делови на Финска.

Полицијата утврдила дека поранешниот играч имал неколку складишта за дрога, а продажбата ја организирал на крајот на 2024 година и почетокот на оваа година. Целиот криминален ланец е разбиен, а властите најавуваат дополнителни информации во следниот период.

Албанецот со фудбалска кариера во Финска во минатото настапуваше за клубови како Хака, Хонка, ПК 35 и уште неколку тимови од финската лига.