Алба: Доста ми е од лаги!

Неодамна навивачите на Барселона го исвиркаа Жорди Алба, еден од капитените на тој клуб. Причината е што навивачите сметаат дека Алба е еден од виновниците за заминувањето на Лионел Меси, со оглед на тоа што левиот бек се уште не потпишал нов договор со пониска плата.

„Мислам дека тие лаги за мене се појавија уште пред Европското првенство, дека одбивам помала плата. Не, јас секогаш сакав да му помогнам на клубот и верувајте дека никој не треба да се сомнева во мене. Тука сум 18 години, Барселона е мојот дом, клубот на мојот живот.“ – рече Алба по победата над Сосиедад.

„Луѓето можат да мислат што сакаат, но не би било лошо за сето тоа да го прашате претседателот на клубот. Моите претставници веќе разговараа со клубот и желбата е да се помогне. Лагите ме уморија, лут сум и тажен поради нив. Најтешко ми е кога моето семејство мора да ги слуша овие работи, со месеци слушаат лаги.“

Алба го замоли и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта да се огласи и да застане во негова одбрана.