Алварез блеска, но дали ќе остане во Атлетико? Барселона демне

Диего Симеоне, јасно стави до знаење дека сака Хулијан Алварез да остане клучен дел од неговиот тим и во иднина, и покрај зголемените шпекулации за можна преселба во Барселона. 

По спектакуларниот хет-трик на Алварез против Рајо Валекано, Симеоне го пофали како најдобриот играч на натпреварот и ја потенцираше неговата важност за долгорочните планови на клубот. 

Интересот од Барса не е нов, неговата форма само дополнително го разгорува трансфер-вртлогот. Се шпекулира дека Барса го гледа како долгорочен наследник на Роберт Левандовски, доколку не успее да го доведе Халанд, а и претседателот на клубот Хоан Лапорта наводно е голем обожавател. Агентот на Алварез ја нема исклучено шансата за трансфер. 

Но, Атлетико е решен да го задржи својот напаѓач. Клубот го гледа како централна фигура во своите амбиции и верува дека најдоброто од него допрва следува. Иако и други клубови внимателно ја следат ситуацијата, Симеоне и Атлетико најјасно го демонстрираат својот интерес да ја градат иднината околу аргентинскиот напаѓач.