Алварез побарал да си замине од Сити
Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентинската репрезентација Хулијан Алварез би можел да го напушти „Етихад“ ова лето.
Алварез го известил раководството дека не е задоволен од својот статус во тимот и порабал трансфер во летниот преоден рок.
Аргентинецот не сака да седи на клупата за резервни играчи и да биде во сенка на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.
Алварез е член на Манчестер Сити од 2022 година, а има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2028 година, а инетрес за него покажуваат неколку европски гиганти. Најголемата битка за неговиот потпис ќе ја водат Атлетико Мадрид и ПСЖ, а Сити нема да го пушти за помалку од 80 милиони фунти.