Алваро Мората се договори со Милан

Освојувачот на титулата европски првак со Шпанија, Алваро Мората, е пред потпис со италијанскиот шампион Милан.

Во изјава за медиумите во Шпанија, досегашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, потврдува дека наредната сезона ќе настапува во Калчо лигата и дека остануваат само лекарските прегледи пред официјализирање на трансферот.

Милан ја активира откупната клаузула од 13 милиони евра и очекува Мората да биде огромно засилување за нападот на росонерите идната сезона.