Алегри го сака Пјаниќ назад во Јувентус
Турските медиуми објавија дека Миралем Пјаниќ не е пожелен ниту во Бешикташ, турскиот клуб нема намера да го откупи неговиот договор.
Во редовите на турскиот шампион Пјаниќ пристигна почетокот на септември на позајмица од Барселона, но со своите настапи очигледно не го задоволи раководството на клубот. Се повеќе се зборува за негово заминување. Се споменува враќање во Барселона, меѓутоа се шпекулира и дека Чави не е заинтересиран за него.
Сега турскиот „Фанатик“ објави интересна опција за босанскиот фудбалер. Наводно Јувентус покажал интерес да го врати 31-годишниот Пјаниќ во своите редови и ќе се обиде да договори позајмица од Барселона.