Алегри останува оптимист за иднината на Јувентус
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е оптимист во однос на продолжетокот на сезоната на неговиот тим, иако „црно-белите“ ја играат можеби најлошата сезона во последниве неколку години.
“Секогаш сум оптимист. На ова место сме бидејќи ни недостасуваат победи против водечките тимови. Мораме да внимаваме на секој противник и не треба повеќе така лесно да губиме бодови, посебно на домашен терен“, вели Алегри.
“Се вратив во Јуве затоа што сакам да работам овде , дури и се чувствувам помлад, што е добро за мене. Имаме многу работа во следните два месеци и на 28 февруари ќе биде јасно дали сме дел од трката за Топ 4 места во лигата. Полека влегуваме во подобра физичка форма“, изјави тренерот на „Бјанконерите“.
Најуспешниот клуб во историјата на Серија А, во моментов е далеку од самиот врв на табелата. Јувентус се наоѓа на седмата позиција и заостанува 12 бода зад лидерот Интер.