Алегри потврди: Модриќ доаѓа во Милан во август

Главниот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, потврди дека очекува хрватската ѕвезда Лука Модриќ да се приклучи на тимот.

Тој ќе потпише како слободен агент откако ќе му истече договорот со Реал Мадрид.

„Го чекаме Лука Модриќ. Тој ќе пристигне во август, моментално е со својот тим на Светското клупско првенство. Лука Модриќ е важен и исклучителен играч. Не му треба претставување“, рече тренерот.

Според медиумските извештаи, Модриќ ќе потпише договор на една сезона со „росонерите“ со опција за продолжување за уште една година, а ќе добива плата од 3,5 милиони евра плус бонуси.