Алегри: Ризикувавме со Дибала, загубивме два планирани бода

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, признава дека неговиот тим не заслужил победа на гостувањето кај Венеција и дека домаќинот сосема реално освои еден бод. „Старата дама“ иако имаше предност од 1-0, на крајот мечот заврши 1-1.

„Ние ризикувавме со Дибала и тоа се покажа лошо. Тој беше заменет во средата поради проблем со мускулот и се надевавме дека ќе биде подобар, но, тоа не беше така. Имавме добро прво полувреме а потоа паднавме во  тие 10-15 минути пред да примиме гол. Загубивме два бода против добриот тим на Венеција“, потенцираше Алегри по натпреварот.