Алегри: Целта на Јувентус за оваа сезона е пласман меѓу топ 4 во Серија А

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека вистинската цел на тимот за оваа сезона е борба за место во топ 4 во лигата, а не за титулата. 

Екипата на Јувентус претрпе пораз на домашен терен од Аталанта со 0:1, а пред неколку дена беа поразени со 0:4 од Челзи во Лигата на шампионите. Поради тоа стигнуваат голем број на критики кон играчите и тренерот.

„Имаме многу добар тим, но понекогаш е тешко да се постигнат голови. Сепак, никогаш не мислев дека сме фаворит за титулата оваа сезона. Целта е да се бориме за топ 4. Важно е да се биде реален. Тогаш тензијата ќе се намали. Ако по 14 кола сме на ова место од табелата, тогаш ова е нашето ниво во моментов. Ние сме Јувентус и луѓето автоматски се навикнати да сме фаворит за Скудетото. Сепак, имаме уште многу работа, да почнеме да постигнуваме голови и да се смириме“, изјави тренерот Алегри.