Алегри: Јувентус отпадна од трката за Скудетото

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го прифати поразот од Интер во италијанското дерби. Бјанконерите на домашен терен беа поразени со 0:1 од нероазурите. Стрелец на голот за победа на Интер беше Хакан Чалханоглу кој го совлада голманот на Јуве со удар од белата точка.

„Јувентус не е во битка за Скудетото.Сега наша цел е да освоиме што повеќе бодови и да го обезбедиме четвртото место. Потоа мора добро да се подготвиме за новата сезона со цел освојување на Серија А.