Алегри: Јуве оваа сезона не е кандидат за титула
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не го смета својот тим во листата на кандидати за титулата во Серија А, и покрај победата над Верона (2-0) и првиот пласман сезонава во Топ 4.
„Скудетото ќе се решава меѓу Интер, Милан и Наполи, засега ние сме надвор од борбата. Што се однесува до влезот во Лигата на шампионите, тука сè уште се е можно. Мора да одиме чекор по чекор. Аталанта има натпревар помалку и ќе се соочиме со нив в недела. Овие три екипи се во конкуренција за Скудетото. За жал ни недостасуваат четири бода кои би ни овозможиле да се бориме за титулата“, рече Алегри.