Александар Исак е планот Б, доколку Барселона не успее да го доведе Халанд

Голема желба на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е доведување на напаѓачот Ерлинг Халанд ова лето.

Меѓутоа, евентуалниот трансфер на норвежанецот ќе биде доста комплициран проект, бидејќи за него се интересираат и многу други европски гиганти. Тука мора да се напомене и високиот износ кој Барселона ќе треба да ја плати за трансферот, провизијата за менаџерот Мино Рајола како и самата плата на играчот.

Доколку каталонците не успеат со доведување на Халанд, како втора опција се споменува играчот на Реал Сосиедад, Александар Исак.

За напаѓачот од Шведска постои голем интерес и од голем број на клубови од Премиер лигата меѓу кои предничи Арсенал, но се претпоставува дека тој повеќе преферира да остане во Шпанската Ла Лига.