Александар Митровиќ пренесен во болница поради проблеми со срцето

Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека српскиот напаѓач, Александар Митровиќ, бил пренесен во болница откако се пожалил на срцеви проблеми.
Офанзивниот фудбалер неодамна се врати на терените после повреда на тетивата, а веднаш по натпреварот со Ал-Фејха се пожалил на забрзана срцева работа и морал веднаш да замине во болница.
Докторите утврдиле тахикардија и аритмичана работа на највиталниот орган, по што препорачале целосно мирување во траење од најмалку десетина дена.
Митровиќ сезонава е главна алка во тимот на Ал-Хилал и досега забележа учинок од 18 голови и три асистенции.