Александар Трајковски направи трансфер во Саудијска Арабија

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски направи трансфер во клубот Ал-Фаја кој се натпреварува во првата лига на Саудијска Арабија. Трајковски со овој трансфер ќе биде вториот македонски репрезентативец во оваа лига и ќе му прави друштво на Алиоски кој настапува во тимот на Ал-Ахли.

Александар Трајковски досега настапуваше за екипата на Алборг од Данска каде беше на позајмица од Мајорка. Клубот Ал-Фаја за ангажманот на нашиот репрезентативец ќе плати околу 1,5 милиони евра.