Александар Јончевски е нов кошаркарски селектор на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација доби нов селектор. Младиот стручњак Александар Јончевски ќе ја преземе фунцијата од Драган Бајиќ кој спогодбено се раздели со македонската федерација.
41-годишниот Јончевски ќе ја води селекцијата на претстојните претквалификации за Европското првенство 2025 година. Тој беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата во повеќе наврати и со разни селектори.
Своето деби Јончевски ќе го има во претквалификациите за Евробаскетот 2025 година, против селекцијата на Данска на 25 август.