Алексис Санчез се враќа во Премиер лигата?

Играчот на Интер, Алексис Санчез, во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе го напушти клубот од Милано и веќе стигна првата понуда за него, и тоа од премиерлигашот Евертон.

Медиумите од Англија откриваат дека тренерот на Евертон, Рафаел Бенитез, сака да ја засили кокнуренцијата во нападот на популарните“карамели“ и поради тоа е силно заинтересиран за доведување на Чилеанецот Санчез.

Алексис Санчез е далеку од стандарден во тимот на Интер и оваа сезона настапи на само 5 натпревари и тоа со влегување од клупата за резерви. Се очекува Интер да се согласи на раскинување на договорот со Санчез, само да се ослободат од големата плата што ја прима репрезентативецот на Чиле.

Ако потпише за Евертон, тоа би било враќање на Санчез во Премиер лигата каде се прослави играјќи во дресот на Арсенал,а потоа помина и неславен период во Манчестер Јунајтед.