Алексис Санчез се враќа во Удинезе?
Италијанските медиуми „Скај Италија“ и „Спортиталија“ тврдат дека Удинезе сè уште притиска за враќање на Алексис Санчез во тимот, откако Чилеанецот го заврши договорот со Интер.
Според медиумите, тоа би било романтично враќање на Санчез на „Фриули“, кој првпат дојде во Европа токму во Удинезе во 2006 година, а подоцна беше продаден на Барселона.
Сепак, Удинезе има сериозна конкуренција во екипите на Лил и Олимпик Марссеј, кои исто така имаат одлични понуди за 35-годишниот фудбалер.