Алексовска со десет удари во низа и субмисија ја победи Гркинката на ФНЦ 34!

Македонската борачка Даниела Алексовска забележа победа на големиот ФНЦ 34 настан кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје, Македонија.

Даниела Алексовска, прогласена за Млада спортистка на Македонија за 2025 година, во кафезот влезе како носителка на бронзен медал од Светското ММА првенство во Тбилиси 2025 и полуфиналистка од Светското првенство во Ташкент 2024.

Со шест од девет победи освоени со субмисија, Алексовска е еден од најперспективните женски борци во регионот. Нејзин противник беше Мина Хаѕопулу од Грција, а таа ја победи по три рунди, со субмисија.

Алексовска успеа да ја турне Гркинката на земјата, ѝ зададе десет удари во низа во пределот на главата, по што Хаѕопулу ги крена рацете и судиите ја прекинаа борбата.