Алексовски велемајсторски до шампионскиот пехар

Огромен успех постигна младиот македонски тенисер Марко Алексовски на тунрирот во Барселона (за играчи до 14 години) освојувајќи го шампионскиот пехар. Тој на патот до пехарот во последните три меча ги победи тројца од првите четири носители и сосема заслужно го освои пехарот.

Во денешното финале на турнирот во Барселона „Антонио Хернандез Куп“ (категорија 1) до победата стигна откако ривалот го предаде мечот. Вториот носител Стефан Шангичев од Шпанија го доби првиот сет во тај брејк со 7-6 (8-6 на поени) во кој решаваа нијанси, а притоа Алексовски не искористи три сет топки (две во сетот и третата во тај брејкот). Но, тоа не беше причина македонскиот тенисер да продолжи со добрата игра. Напротив во вториот сет Марко заигра уште подобро и поведе со 3-0 во гемови кога противникот го го предаде мечот.

Алексовски во финалето го победи вториот носител, во полуфиналето беше поуспешен од четвртиот носител, а во четвртфиналето го елиминираше и првиот носител

Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund претходната недела играше полуфинале на турнирот во Белгија, а следната недела го очекува уште ден настап на турнир во Аликанте, Шпанија.