Алекс Душебаев потпиша за Гумерсбах

Поранешниот ракометар на Вардар, Алекс Душебаев, по осум сезони го напушта Келце и кариерата ја продолжува во германската Бундеслига.

Иако се поврзуваше со враќање во Вардар или трансфер во Кил, шпанскиот репрезентативец потпиша договор со Гумерсбах до 2029 година, каде ќе соработува со тренерот Гудјон Валур Сигурдсон.

За 33-годишниот Душебаев, Гумерсбах ќе биде шести клуб во кариерата, по настапите за Келце, Вардар, Арагон, Ла Риоха и Сиудад Реал.