Ален и Адријан Рустемовски спремни за У23 Европското првенство

Македонските боксери Ален и Адријан Рустемовски ќе учествуваат на Европското првенство во бокс за У-23 во Пореч, Хрвaтска, Адријан ќе ги одмери силите со Максим Телепиз од Молдавија , додека Ален чека противник во осминафиналето, така одлучи жребот.
На ова ЕП ќе настапат 276 боксери во машка и женска конкуренција, а борбите започнуваат денеска, но не и за нашите боксери кои ќе настапат утре и задутре.
Ален Рустемовски – Миколас Брокас (Литванија)/ Јакуб Палка (Полска) 1/8 финале 18 ноември
Адријан Рустемовски – Максим Телепиз (Молдавија) 1/16 финале 17 ноември