Алер со рекордна серија: Гол на седум натпревари по ред во ЛШ

На вчерашниот меч во Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Ајакс кој заврши 2-2, фудбалерот на холанѓаните, Себастијан Халер, влезе во историјата.
Тој погоди за предност на неговиот тим од 2-1 и стана петтиот фудбалер кој постигнал повеќе од седум голови во серија во елитната конкуренција на Европа.
Воедно напаѓачот на „копјаниците“ е првиот што постигнал најмалку 11 гола во дебитантската сезона во елитното европско клупско натпреварување.