Алжирецот Бенасер на мета на Клоп во јануарскиот преоден рок

Алжирецот Бенасер на мета на Клоп во јануарскиот преоден рок

Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми. Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.

Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Бенасер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

24-годишниот Алжирец игра одлично и се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Милан сигурно нема да прифати понуда во јануари, а доколку Бенасер не стави потпис на нов договор тогаш на лето би можел да се пресели во Ливерпул.