Алимпијевиќ: Ова е историска победа за нашиот клуб

Кошаркарите на Бешикташ вчера направија сензационална победа на натпреварот со шпанскиот гигант Реал Мадрид во Евро-лигата а нивниот тренер, Душан Алимпијевиќ, не крие дека е презадоволен.

„Да уживаме во големата победа. Не знам дали сме свесни дека бевме сведоци на историски момент за клубот. Го победивме Реал Мадрид! “, рече српскиот тренер.

Турскиот состав сега има шест победи и исто толку порази со што се искачи на 12-то место на табелата во најсилната европска конкуренција.