Алиоски во јануари се враќа во швајцарскиот фудбал?
Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе има нов клуб, а според најавите од Швајцарија тој би можел по седум години да се врати во оваа земја.
Алиоски во овој момент е под договор со Ал-Ахли, меѓутоа веќе некое време не е во плановите на клубот од саудиска Арабија и скоро и да не добива минутажа. Сега се најавува дека би можел да се врати во Швајцарија каде што во минатото го носеше дресот на Лугано, Шафхаузен и Јанг Бојс. Самиот Алиоск иво изјава за швајцарскиот „Спорт“ потврди дека опцијата за враќање во Швајцарија е отворена.
„Зошто да не? Се е отворено…Со Швајцарија имам многу заеднички работи. Среќен сум во Саудиска Арабија, имам валиден договор, меѓутоа работите во фудбалот брзо се менуваат. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Алиоски.