Алиоски добива супер соиграч, Дракслер пред потпис со Лидс

Марсело Биелса и Лидс Јунајтед на одличен начин ја завршија 2020 година. Лидс славеше со 5-0 против ВБА, а на 2. јануари ги чека нов натпревар на гости против Тотенхем. Тоа ќе биде еден од поинтересните натпревари во 17. коло од Премиер лигата. Освен обврските во Премиер лигата во Лидс размислуваат и за засилувања. Според информациите од Островот една од првите мети на Лидс е Јулијан Дракслер од ПСЖ. Германецот го изгуби своето место во ПСЖ, неговиот договор истекува за шест месеци и тој уште од утре ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови. Останува да се види дали ПСЖ ќе му дозволи да замине во јануари или ќе го чека летниот преоден рок.