Алиоски се договори за премин во Галатасарај

Турските медиуми обелоденија дека нашиот фудбалски интернационалец, Езџан Алиоски, кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај.

Според наведеното, трансферот ќе биде реализиран во наредните денови. За Алиоски беа заинтересирани уште неколку екипи од различни земји, но, најверојатно македонскиот репрезентативец успеа да најде заеднички јазик со турскиот гигант.

Популарниот Џани кој во текот на летото ја заврши соработката со Лидс, за англискиот тим одигра 162 меча со ефект од 22 гола и 16 асистенции.