Алиоски: Штета што нема да играме во финалето со Ал-Наср и Роналдо

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ќе се бори за титулата во азиската Лига на шампиони. Неговиот Ал-Ахли Џеда ќе се соочи со јапонски Кавасаки Фронтале во големото финале што се игра во сабота попладне.
Иако оваа сезона не настапува во домашното првенство поради ограничувањето за бројот на странци, Алиоски доби клучна улога во азиската кампања на Ал-Ахли. Според него, тимот е спремен да го направи последниот чекор.
„Пласманот во финалето беше брутално убаво искуство, вистинска лудница. Имаме фантастична екипа, неверојатни играчи и тренинзи на највисоко ниво. Од минатата сезона сме под водство на германски стручњаци – тренери, нутриционисти и физиотерапевти. Се чувствувам одлично, подготвен сум како да имам 25 години“, кажа Алиоски.
Алиоски признава дека посакувал финале со Роналдо и Ал-Наср, но додава дека и ова е огромна шанса:
„Посакував да се сретнеме со Кристијано во финалето, но и вака ни се отвора можност за историски успех. Ако стигнеме до трофејот, ќе биде неверојатно“.
Можеби ќе ве интересира