Алисон ги одби клубовите од Саудиска Арабија за да остане на „Енфилд“
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер нема желба да го напушта Ливерпул. Бразилецот призна дека ги одбил понудите од Саудиска Арабија.
„Чест е да играм овде. Би сакал да потпишам нов договор по истекот на овој. Многу сум среќен во Англија и моето семејство се чувствува добро“, изјави тој за клупската телевизија.
Бразилецот доби неколку понуди од Саудиска Арабија, но ги одби бидејќи не сакаше да игра надвор од Европа.
„Добив понуди од Саудиска Арабија. Не сум зборувал за платите, но тие плаќаат навистина добро таму. Сите слушнаа за сумите што ги заработуваат моите колеги таму. Тоа објаснува зошто има толку голем интерес за лигата. Нормално е, но немам желба да го напуштам Ливерпул“, додаде Алисон Бекер.