Алисон нема дилеми: Играме со страст и го сакаме трофејот од ФА Купот

Голманот на Ливерпул, Алисон, не крие дека е генерално задоволен како финишира фудбалската сезона за неговиот тим.

„Црвените“ се во мртва трка со Манчестер Сити за титулата во Премиер-лигата, на крајот на месецов ги чека  финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид додека в сабота ќе го одиграат финалето во Фа Купот против Челзи.

„Нашиот тим игра со страст и тоа ни дава дополнителна енергија.  Сакаме да го освоиме Купот. Тоа беше една од нашите цели од почетокот на сезоната и сега стигнавме до финалето“, вели Бразилецот.