Али Коч објасни зошто го отпушти Мурињо

Претседателот на Фенербахче, Али Коч, објасни зошто клубот донел одлука да му врачи отказ на Португалецот Жозе Мурињо. Трофејниот тренер неодамна беше разрешен од функцијата прв тренер на екипата бидејќи не го исполни главниот натпреварувачки цел и тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Во двомечот со Бенфика, Фенербахче не постигна ниту еден гол и беше елиминиран.
Коч во својата објава наведе дека токму дефанзивниот принцип по кој е познат Мурињо бил главната причина за разделбата со португалскиот стратег.
„Беше тоа болна разделба… Имавме добра хемија, самиот фактот што го доведовме во Фенербахче веќе беше успех. Пред сè, за мене лично беше тешко на некој кого го сметам за пријател да му кажам збогум. Знаевме дека игра дефанзивно, па на крајот на сезоната дискутиравме и заклучивме дека е потребно да игра поофанзивно.
Во нашиот ДНК е да даваме 99 голови и да освоиме 99 поени. Начинот на кој бевме елиминирани од Бенфика е неприфатлив. Му се заблагодаривме на Мурињо за соработката бидејќи веруваме дека овој тим може да игра многу подобар фудбал. Стилот кој Мурињо го наметна овде можеби поминува во Европа, но во Турција мораме да доминираме над противниците“, изјави Коч.