Алкалоид има нов среден бек, потпиша со Мартин Ивановски

Ракометниот клуб на Алкалоид ќе биде посилен за Мартин Ивановски, 23-годишен ракометар кој игра на позицијата среден бек и досега настапуваше за вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Лазаров и останатите репрезентативци им се вратија на клупските обврски, па Алкалоид во комплетен состав се подготвува за првите предизвици во 2025 година, што значи натпревари во домашното првенство, но и во Европа.

Веќе на 15 февруари, Алкалоид ќе се соочи со Бриксен во првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот куп.