Алкалоид моќно до полуфиналето на Европскиот Куп

Ракометарите на Алкалоид го направија најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираа во полуѕфиналето во Купот на ЕХФ.

Тие денеска на домашен терен го совладаа Баја Маре со 32:25 откако одиграа одличен меч. Избраниците на Кире Лазаров, имаа во еден период и осум голови предност и рутинирано го затворија дуелот.

Најефикасен во нашиот состав беше Петковски со седум голови пред Стојковиќ со пет. Алкалоид за влез во големото финале ќе излезе на мегдан со норвешкиот тим Рунар Сандефјорд кој успеа да го елиминира грчкиот Олимпијакос.