Алкалоид пресилен за Пролет, познати сите учесници на Ф4 на Купот

Алкалоид без проблеми обезбеди место на завршницата од ракометниот Куп на Македонија на која ќе го брани трофејот. Во финалниот дуел од својата група, Алкалоид беше подобар од Пролет со 42-20.

На Фајнал-форот турнирот покрај Алкалоид ќе настапат и Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 и ГРК Охрид со што се комплетираат се четирите најдобри екипи во Македонија додека дуелите ќе бидат многу интересни.