Алкалоид промовираше седум засилувања

Ракометниот клуб Алкалоид промовираше дури седум засилувања за наредната сезона во која ќе атакува на трофеите како на домашната така и на меѓународната сцена.
-РК Алкалоид останува на определбата да биде составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена, – стои во објавата на Алкалоид.
Нови имиња кај актуелниот освојувач на Европскиот Куп се: Ненад Костески, репрезентативно десно крило, Емилијан Ѓорговски – големиот потенцијал на левата бековска позиција, Михаил Аларов – репрезентативен пивот, десниот бек – Михаил Иваноски, младиот голман -Ѓорѓи Николовски, левото крило – Давид Трајкоски и интернационалецот од Србија – Урош Борзаш.