Алкалоид се засилува со репрезентативецот Џонов
Ракометниот суперлигаш Алкалоид, ќе ја засили екипата со ангажман на репрезентативецот Иван Џонов.
Тимот на Пролет,после јануарската продажба на ракометарите Аларов и Јагуриновски, се одлучи да го прифати обештетувањето за продажба на репрезентативниот бек Иван Џонов кој во вториот дел од сезоната ќе ги брани боите на екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров.
Џонов беше дел од македонската ракометна репрезентација која на светското ракометно првенство се пласира на 27.место.