Алкалоид со две победи во четвртфиналето на ЕХФ Купот

Ракометарите на Алкалоид обезбедија место меѓу осумте најдобри во Европскиот куп на ЕХФ, со новата победа над италијанскиот тим Бриксен (38-31) на реваншот кој се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Алкалоид во првиот дуел на гостински терен го совлада ривалот со високи 12 гола разлика, па на вториот меч во Скопје тренерот Лазаров можеше да си дозволи ротации и да испробува повеќе варијанти. Сепак, победата не беше доведена под знак прашање, па Алкалоид со шест победи на шест меча во еврокупот се пласира меѓу осумте најдобри.
Најдобар стрелец во македонската екипа беше Александар Петковски со осум гола, пред Марко Митев со седум гола, додека кај Бриксен, Де Оливеира Кандидо имаше 12 постигнати гола. Кој ќе биде противник на Алкалоид во четвртфиналето ќе дознаеме на ждрепката која ќе се одржи на 25 февруари.