Алкалоид убедлив во второто коло на Европскиот клупски Куп во шах

ШК Алкалоид продолжи на Европскиот шаховски клупски куп со максимална победа од 6-0 против шампионот на Словачка, екипата Серо Инвест Нитра.
Во второто коло сите фаворити продолжија со високи победи, и во третото коло 18 екипи влегуваат со максимални 4 бода.
Следен противник на шахистите на Алкалоид е екипата Бер Шева од Израел, која e долгогодишен редовен учесник на Европскиот клупски куп, и двете екипи веќе имале меѓусебни средби, со позитивен резултат на страната на Алкалоид.